17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFord очекува рекордна добивка, ќе исплати милијарда долари дополнителна дивиденда

Ford очекува рекордна добивка, ќе исплати милијарда долари дополнителна дивиденда

Ford_Produktion_Saarlouis

Компанијата Ford Motor очекува добивка од 10 до 11 милијарди долари во 2015 година, а во вторникот најави и исплата на дополнителна дивиденда во готовина во вкупен износ од една милијарда долари.

Вториот по големина американски производител на автомобили прогнозира за 2015 година рекордна добивка пред оданочување без еднократни ставки, поблизу до горната граница од прогнозата од 10 до 11 милијарди долари.

Ова е над прогнозите на аналитичарите кои за Thomson Reuters предвидоа добивка од 9,4 милијарди.

Финансискиот директор на Ford, Боб Шанкс пред инвеститорите во Детроит рече дека  компанијата очекува во оваа година поголеми трошоци бидејќи инвестира во лансирање на нови модели и во заедничка компанија за да понуди превоз како услуга или да развие автоматски управувани возила.

Дополнителната дивиденда  од една милијарда долари или 25 центи по акција е додаток на редовната дивиденда во првиот квартал во износ од 15 центи по акција, која остана непроменета во однос на четвртиот квартал од 2015 година.

Ford во минатата година исплати 2,5 милијарди дивиденда, тос е 20 отсто повеќе во однос на 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП