26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКавани може да си оди, Наполи најде замена во Демиао

Кавани може да си оди, Наполи најде замена во Демиао

demiao

Првите луѓе на италијанскиот клуб, Наполи ќе се обидат во своите редови да го доведат Бразилецот, Леонардо Дамиао. Ваквиот потег би значел дека тимот од Неапол си најде одлично решение за Едисон Кавани кој најверојатно ќе си замине во летниот преоден рок.

Според информациите кои пристигнуваат од Апенинскиот полуостров, понудата на Наполи за услугите на Дамиао е 15 милиони евра, пари кои тие ги очекуваат од продажбата на Кавани кои на пазарот чини околу 65 милиони евра.

Инаку за потсетување Дамиао има 23 години и е актуелен играч на Интернационал во бразилското фудбалско првенство, неговата вредност се проценува на 20 милиони евра, но поради лошите игри во последно време се очекува понудата која ќе ја испрати Наполи да биде доволна за неговата преселба во Италија.

Дамиао има шест настапи за младата бразилска репрезентација и има постигнато шест голови, како и 14 настапи за сениорската селекција и двапати ги погодил противничките мрежи.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП