4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИShire го купува ривалот Baxalta за 32 милијарди долари

Shire го купува ривалот Baxalta за 32 милијарди долари

shire 33

Фармацевтска компанија со седиште во Даблин, „Shire PLC“ договорила купување на производителот на лекови за лекување на рак „Baxalta Inc.“ за сума од 32 милијарди долари. Ова е уште едно поврзување во брзо консолидираниот сектор за здравство.

Согласно договорот акционерите на „Baxalta“ ќе ги разменат своите акции за 18 долари во кеш и 0,1482 американски депозитар на акции на „Shire“. Врз основа на цената по која заврши американскиот депозитар акции на компанијата во петокот, трансакцијата претпоставува заедничка континуирана цена од 45,57 долари по акција на „Baxalta“.

Вредноста од 45,57 долари е за 37,5% над цената на акциите на „Baxalta“ од 3-ти август пред првичната понуда на „Shire“ да стане јавна.

Првичниот предлог на „Shire“ од 45,23 долари по акција беше составен исклучиво од акции, бидејќи вклучувањето на готовина во договорот може да го загрози статусот на ослободеното одвојување од даноци на „Baxalta“ од компанијата мајка „Baxter International Inc“. Американскиот закон бара ослободените делови од даноци да не се користат како „алатка“ за канализирање на готовина кон акционерите.

Акционерите на „Baxalta“ ќе имаат 34 проценти удел во комбинираната компанија.

Главниот извршен директор на „Shire“, Флеминг Орнсков изјави дека се очекува продолженото портфолио и поголемото географско присуство на комбинираната компанија да донесе годишна продажба од над 20 милијарди долари до 2020-та година.

Се очекува комбинираната компанија да стане 19-тата најголема фармацевтска компанија според продажбата, претекнувајќи ги „Celgene“, „Biogen“ и други, тврди фирмата за истражување на пазарот „EvaluatePharma“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП