21 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМотив плус за играчите на Галатасарај во дуелот со Реал

Мотив плус за играчите на Галатасарај во дуелот со Реал

galata

Доколку го исфрлат Реал Мадрид, фудбалерите на Галатасарај ќе добијат по 25.000 евра за тој подвиг. А за „кралевите“, за нив нема бонуси се до европската титула, а тогаш поединечно ќе добијат по пола милион евра.

Унал Ајсал не ги доведе Дидие Дрогба и Весли Снајдер да биде шампион на Турција, затоа што за тоа можеше и без нив.

Претседателот на Галатасарај го направи најсилниот тим во историјата на славниот клуб се со цел да може што подалеку да стигне во Европа. Тие за првпат се во четвртфиналето од ЛШ, но таму ги чека Реал Мадрид.

Тој е свесен што би значело за Галатасарај, Истанбул и Турција овој двомеч со „кралевите“ на Жозе Мурињо, па поради тоа Ајсал одлучи да им даде дополнителна мотивација на играчите, а тоа е 25.000 евра за секој доколку го елиминираат големиот Реал.

Во Галатасарај со задоволство ги тријат рацете од досега заработените над 10 милиони евра од бонусите од УЕФА за пласман во првата фаза, освоените бодови во групата и пласманот во четвртфиналето. Но екипата од Истанбул ја чекаат уште 4.9 милиони евра за пласман во полуфиналето. Па така на Ајсал ќе му биде задоволство дел од тие пари да ги подели со играчите, поради тоа што само тие можат да му ги обезбедат тие пари и слава.

Од друга страна кај Реал е сосема различно.

За победата над турците, „кралевите“ нема да добијат никаков бонус, затоа што бонусите се во Статутот на клубот и се предвидени само ако се освојуваат трофеи. Но затоа ако Реал стане првак на Европа по десетти пат, секој играч ќе добие по пола милион евра.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП