28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple ќе плати 318 милиони евра за даночно затајување во Италија

Apple ќе плати 318 милиони евра за даночно затајување во Италија

apple brand

Италијанската поделба на американската компанија „Apple“ одлучи да плати 318 милиони евра за вонсудско решавање на спор по истрага за даночни измами.

Портпаролот на италијанската даночна служба ја потврдил за агенцијата „Франс прес“ информацијата за склучувањето договор, но без да коментира повеќе. Засега нема потврда од самата компанија.

Филијалата на „Apple“ во Италија е обвинета дека ги оштетила локалните даночни, поради тоа што не пријавила приход за 880 милиони евра меѓу 2008-ма и 2013-та година. Средствата се пренасочени кон европската централа на компанијата во Ирска, каде корпоративните даноци се многу пониски.

Вчера дојде до договор и се создава преседан, бидејќи компанијата има и други отворени случаи во земји од Европската унија, наведува агенцијата. Таа потсетува дека ваквите практики се вообичаени меѓу мултинационалните корпорации и се испитуваат внимателно на ниво на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП