22 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИзвор на зарази: Што се крие во вашиот сунѓер за садови

Извор на зарази: Што се крие во вашиот сунѓер за садови

4324731212_174e1ae385_o-620x350

Следете ги овие совети за да го избегнете ризикот кој го предизвикуваат сунѓерите за миење на садови...

Околу 90 проценти од сунѓерите за миење садови во домаќинствата содржат голема концентрација на бактерии, а 10 отсто се незадоволителни поради здравствени причини, односно поради болестите кои можат да ги прошират. Факт е дека во сунѓерот за миење садови живеат многу бактерии.

Повеќе од 85 проценти од луѓето не го плакнат сунѓерот на доволно висока температура за да ги убијат бактериите кои се собираат во него, истакнуваат британските експерти од Глобалниот совет за хигиена. Врз основа на нивното истражување, сунѓерите за миење на садови содржат шест пати повеќе бактерии од рачките на вратите од бањите, кои се голем извор на болести и зарази.

Сунѓерите се рај за размножување на бактерии бидејќи постојано се влажни, а тоа е одлична средина за бактериите, истакнуваат експертите.

Околу седум проценти од сунѓерите содржат повеќе од милијарда бактерии, 60 процнети ја содржат опасната Ешерихија коли, а 25 отсто од нив имаат голема концентрација на бактеријата Псеудомонас, која се поврзува со инфекции на очите и кожата.

5334281676_cd722335d5_o

За да ги избегнете ризиците кои ги носат сунѓерите за миење садови, следете ги овие совети:

– После секое миење на садови, сунѓерот исплакнете го со врела вода, а на секои два дена измијте го со антибактериски детергент.

– Сунѓерот за миење на садови менувајте го на секои две недели.

– Сунѓерот може да го имате и подолго време ако го исперете на температура повисока од 60 степени во машина за миење на садови.

– При миењето на работните површини, наместо сунѓер користете антибактериски марамчиња.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП