3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФискални апарати од Дуна компјутери сега со попуст од 60%

Фискални апарати од Дуна компјутери сега со попуст од 60%

de

Зголемете ги перформансите во малопродажното работење користејќи квалитетни фискални уреди поврзани со софистициран софтвер кој креира најразлични потребни извештаи

Поседување на фискален апарат е законска обврска на секој малопродажен деловен субјект во земјава. Голем број на субјекти уште од 2014 година користат некој од моделите на фискални уреди Вардарец, Развигорец и Северец. Најпродаваната фискална каса Северец Дуна Компјутери во моментот ја промовира со попуст од 60%.

Софтверското решение Ultima кое што претставува софтвер кој ги покрива потребите на субјектите за комерцијално, материјално ифинансиско работење и дополнителни модули како што се: попис на основни средства, контрола на возен парк, производство, пресметка на плати и водење на човечки ресурси,  дистрибуција и други. Во последно време некои компании се определуваат за наем за оперативно користење на софтверот за материјално, комерцијално и финансиско работење ULTIMA наместо за негова набавка која што за некои компании е голема инвестиција, посебно за нови или start-up компании. Станува збор за софтвер кој Дуна веќе 22 години го работи и развива, а секојдневно го користат и од истиот се исклучително задоволни голем број на компании од различни профили и индустрии, со различни дејности во кои оперираат.Наемот подразбира комплетна инсталација, имплементација, обука за користење и работа на ULTIMA и дополнително можност за секојдневна консултација и помош при обезбедување, користење и дизајнирање на работните процеси и дефинирање на корисничките извештаи.

Сите субјекти кои што имаат малопродажни објекти Ultima автоматизирано ја поврзуват со софтверот  за малопродажно работење ULTIMA POS и фискалниот уред. Се со цел да се унапреди софтверот ULTIMA, да се зголемат неговите перформанси и истиот да ги пресретне барањата на корисниците Дуна Компјутери го креираше новиот софтвер за малопродажно работење Spinaker. Spinaker e целосно развиен со следење на препораките на законската регулатива, употребувајќи најнови техники за развој на кориснички софтвер. Spinaker е развиен по препораките и потребите на нашите корисници, а во насока за наједноставно и најбрзо работење во малопродажен објект. Овој софтвер го намалува времето кое корисникот го поминува во пополнување на документите кои се задолжителни за водење на дневното работење во малопродажните објекти. Spinaker освен основните функционалности како креирање фискална сметка, сторно сметка и вадење на извештаи, обезбедува пополнување на приемни листови, водење на каса по касиер, оперативна забрана и привилегии на корисниците на софтверот, вадење на голем избор на извештаи за менаџерски потреби и автоматизирана контрола на креирање на документи.

Дополнително, големите компании кои што оперативно работат со ULTIMA или со некој друг софтвер можат без проблем да го имплементираат Spinaker и лесно и едноставно да го поврзат за да можат автоматизирано да ги добиваат сите потребни информации и документи од своите малопродажни места. Софтверот е развиен на user friendly платформа лесно достапна за инсталација и работа на истата.

 

Компанија која континуирано инвестира во развој и иновации

Дуна Компјутери континуирано инвестира во нови софтверски решенија, за развој и подготовка на софтвер за паметно набљудување и развој на земјоделските култури, првенствено на виноградинарство и лозарство. Со овој софтвер кој ќе биде од голема корист за земјоделието во блиска иднина ќе овозможи на компанијата да учествува  на европскиот пазар.  Дополнително, во развој е и нова платформа и производ кој  исто така ќе биде наменет за земјоделството, но овој пат за пчеларството.

Компанијата континуирано ги следи светските трендови кои се воведуваат во секојдневното работење на Дуна Компјутери, обезбедувајќи можност за развој и проширување на своите области на делување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП