19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСедми Моден викенд во Скопје

Седми Моден викенд во Скопје

moden-vikend

Со проектот „Ретроспектива на модата во поранешна Југославија и Македонија 1983 – 2013“ денеска во трговскиот центар Соравија ќе биде отворено седмото издание на Моден викенд Скопје – пролет/лето 2013.

Целта на проектот е да се долови процесот на создавање колекции кои не познаваат граници. Тоа, како што велат организаторите, е една ретроспектива која ве враќа назад во времето, го прикажува тоа што било и се случувало од 80 – те, па се до тоа што се создава денес. Три децении се претставени преку изложба на фотографии, видео материјали, како и облека и модни детали од компаниите МАКПРИМАТ, Астибо, Бела, Бритекс, Рудник, Годел и други брендови.

Проектот е поддржан од Министерството за култура и се реализира во партнерство со Соравиа Центар Скопје, а главен медиумски покровител е „ТЕА Модерна“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП