18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВинер Осигурување најави мерки за намалување на загадувањето на воздухот

Винер Осигурување најави мерки за намалување на загадувањето на воздухот

viner-osiguruvanje

Од Винер Осигурување најавија низа активности за подигнување на свеста во рамки на компанијата и бизнис заедницата во целина, како и меѓу активните возачи, за состојбата со загадувањето и неопходноста од преземање мерки за намалување на загадувањето на воздухот.

Менаџментот на компанијата донесе одлука на сите вработени кои ќе се решат да користат јавен превоз за да стигнат од дома до работното место и обратно, целосно да им ги покрие трошоците за превоз. Винер Осигурување ќе набави билети за јавен превоз кои ќе бидат наменети за сите вработени кои ќе решат наместо со возило на работа да одат со редовните автобуски линии.

Истовремено, од страна на менаџментот на Винер упатена е стриктна препорака до сите вработени кои се користат со службени возила да го оптимизираат доаѓањето и заминувањето од работното место, со цел максимално да го искористат капацитетот на возилата за превезување на колеги во периодите кога вредностите на загадувањето се најголеми. На тој начин уште еден дел од службените и приватните возила кои ги користат вработените во Винер нема да учествуваат во сообраќајот во овие критични периоди од денот кога загадувањето е најголемо.

„Иако интерните мерки се однесуваат на нешто над 200 вработени и околу 30 возила, и на краток рок нема да донесат значајна промена, се надеваме дека ќе влијаат на свеста за загадувањето и одговорноста на секој од нас, и како поединци и како компании. Наша цел е да бидеме активни чинители, наместо пасивни набљудувачи и да понудиме модел кој доколку биде широко прифатен од бизнис заедницата, веруваме ќе направи видлива разлика“, изјави Зоран Нарашанов, Генерален директор на Винер Осигурување

„Истовремено, да не заборавиме дека природата на нашиот бизнис е таква што ни дава можност да допреме до огромен број активни возачи и да ја пренесеме до нив пораката за важноста на подигнувањето на свеста за загадувањето. Имаме намера да го искористиме тоа максимално бидејќи е од корист за целото општество“, додаваат од Винер Осигурување.

Во таа насока, во план се и информативни летоци кои ќе бидат делени на сите клиенти кои вадат полиси за нивното возило во Винер, во кои ќе бидат наведени совети за рационално користење на возилата со цел да се придонесе за намалување на нивото на штетни издувни гасови.

Од компанијата уште додадоа дека набавиле посебни маски со филтри за воздух, наменети за сите оние кои поминуваат подолг период на отворено во местата каде загадувањето е најголемо, а посебно за велосипедистите кои и во овој период го користат велосипедот како превозно средство. Маските можат да се подигнат бесплатно во филијалите на Винер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП