2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИShell најави укинување на 2.800 работни места

Shell најави укинување на 2.800 работни места

shell 309

Нафтената компанија Royal Dutch Shell најави во понеделник укинување на 2.800 работни места откако го презеде помалиот конкурент BG Group.

„„Shell“ очекува можно намалување на околу 2.800 работни места на глобално ниво ширум групата или околу три отсто од вкупната работна сила“, соопшти Shell.

Компанијата објави дека овие кастрења се додаток на претходно најавениот план на намалување на 7.500 свои вработени, како и изведувачи на работи ширум светот.

Британско-холандската компанија претходно објави дека добила одобрување за преземање на BG Group од кинеската влада.

Преземањето вредно 55 милијарди фунти(79 милијарди евра) веќе го одобрија регулаторите на Австралија и Бразил, како и Европската комисија.

Со спојувањето Shell би требало да го подобри производството благодарејќи на силната позиција на BG во производството на течен природен гас.

Спојувањето на двете компании се случува во време кога падот на цените на нафтата на светските берзи ја намалува добивката на големите енергетски компании.

Shell, кој ќе побара одобрување од акционерите на обете компании, се очекува да ја заклучи зделката на почетокот на 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП