7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСуперлуксузен и моќен: Mercedes S65 AMG Cabrio (фото)

Суперлуксузен и моќен: Mercedes S65 AMG Cabrio (фото)

mce luksi

Додека повеќето автомобилски компании вложуваат во трендот за намалување на обемот на моторите, „Mercedes-AMG“ се придржува кон традицијата да ги обезбеди своите модели со големи и моќни мотори. Најновиот претставник на врвно семејство „S-Class“ – „S65 Cabriolet“ – пристигнува на пазарот со „V12“ агрегат, чија зафатнина од цели 6,0 литри.

mce luksi1

„Mercedes-AMG S65 Cabriolet“, што е целосната ознака на моделот, тој под хаубата има мотор со моќност од 630 КС и 1000 Нм максимален вртежен момент. Најмоќниот кабриолет „S-Class“ е способен на спринт од место до 100 км/час за 4,1 секунди, додека максималната брзина на движење е ограничена електронски на 250 км/час. При нарачка на опцијата „AMG Driver’s Package“, стрелката на брзиномерот достигнува 300 км/час.

mce luksi2

Агрегатот на автомобилот е поврзан со автоматска трансмисија „AMG SPEEDSHFIT 7G-TRONIC“. Погонот е на задните тркала, но се очекува да биде достапен и системот „4MATIC“.

mce luksi3

Стандардни за моделот се 20-инчни тркала со гуми 255/40 напред и 285/35 позади, систем за греење на кабината „AIRSCARF“, интелигентна климатизација, акустичен покрив со три слоја, потпирачи за раце со греење и друго.

mce luksi4

Сите детали за новиот „Mercedes-AMG S65 Cabriolet“ ќе бидат познати во текот на наредните недели. Продажбата стартуваат во почетокот на април 2016-та година, а првите испораки на клиентите ќе бидат реализирани во месец мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП