Интернет гигантот Yahoo објави дека се откажува од планираното издвојување на уделот во кинескиот онлајн гигант Alibaba во засебна компанија поради можни последици од трансакцијата врз обврските за плаќање данок.
Наместо тоа од Yahoo се одлучија за алтернативен план според кој новата компанија би го презела имотот и обврските на Yahoo, но не и уделот во Alibaba. На крајот од оваа компанија би требало да произлезат две нови, со котирани акции, стои во соопштението на Yahoo.
Новата компанија на тој начин ќе го опфати интернет работењето и 35 отстотниот удел во компанијата Yahoo Japan, се наведува во соопштението.
Акциите во новата компанија би требало да бидат пропорционално дистрибуирани на акционерите на Yahoo.
Yahoo има пазарна вредност од околу 35 милијарди долари, а главнината од вредноста се должи на удели во Alibaba и во компанијата Yahoo Japan.
„Поради нашите настојувања да ја зголемиме вредноста и да ја отстраниме неизвесноста меѓу инвеститорите, издвојувањето на уделот во Alibaba ќе биде значајно за континуирано преобразување на нашето работење“, рече во соопштението извршниот директор на компанијата Мариша Маер.
Од Yahoo се надеваа дека првично планираната трансакција за издвојување на удел во Alibaba нема да подлежи на обврска за плаќање данок, но американските власти рекоа дека такво нешто не може однапред да гарантираат.