2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТајното милијардерско презиме за кое речиси никој не слушнал!

Тајното милијардерско презиме за кое речиси никој не слушнал!

kafe 443

Исто како што и тие посакуваат, повеќето луѓе веројатно никогаш не слушнале за презимето Рајман.

Многу луѓе сепак веројатно постојано ги користеле производите кои се дел од нивната империја – чевлите „Jimmy Choo“, кондомите „Durex“, кафето „Peet’s“, десертот на „Mondelez“ или парфемот „Calvin Klein“.

Во понеделникот бизнис-конгломератот на семејството, „JAB Holding Company“ објави дека ќе плати 13,9 милијарди долари во кеш, за да додаде друг добро познат производ кон своето портфолио – „Keurig Green Mountain“, производител на кафе и на домашни и канцелариски машини за кафе.

Понудата ја проценува компанијата за 78% над цената на затворање на акциите од петокот, а веста ги поскапи уште повеќе. (Богатството на основачот на компанијата Боб Стилер бележи раст од речиси 300 милиони долари на ден, но сепак останува доста помалку во споредба со времето кога акциите ја достигнаа својата највисока ценовна вредност).

Семејството Рајман е едно од најбогатите во светот, а неговото богатство се проценува на најмалку 19 милијарди долари. Петмина членови се милијардери, а статусот на четворица од нив е од над 4 милијарди долари, пишува „Forbes“. Тоа се Волфганг Рајман, Матијас Рајман-Андерсен, Штефан Рајман-Андерсен, Ренате Рајман-Хас и Андреа Рајман-Чиадели. Браќата и сестрите се потомци на германскиот хемичар Лудвиг Рајман, кој во 1828-ма година се приклучува на Јохан Адам Бенкисер и истоимената компанија во Лудвиксхафен, Германија, откако се жени за една од ќерките на Бенкисер. На крајот Рајман ја наследува целата компанија. Неговиот внук Алберт Рајман го презема управувањето во 1952-ра година и решава да ја насочи компанијата во нова насока, додавајќи широка потрошувачка кон дејноста. Кога умира во 1984-та година, неговите девет посвоени деца, од кои ниедно од нив никогаш не работело за компанијата, наследуваат по 11.1% од „John A. Benckiser“ (JAB).

Ескпонирањето во бизнисот изгледа е дел од семејната политика, според која со наполнети 18 година се потпишува кодекс со кој членовите на фамилијата ветуваат да ќе избегнуваат колку е може повеќе публицитет, што го прави семејството Рајман една од најпознатите тајни милиардерски фамилии.

Пет од споменатите браќа и сестри наследници веќе не се акционери во „JAB“, продавајќи ги акциите на останатите четворица. Волфганг, Матијас, Штефан и Ренате поседуваат вкупно 95% од компанијата, кој го контролираат од Виена.

Андреа Ракман-Чиадели, која во моментов е американска државјанка и живее во Њу Хампшир, го продава својот удел во 2003-та година за речиси 1 милијарда долари и во моментов е најниско рангираниот член на семејството во рангирањето на милијардери на „Forbes“. Останатите браќа и сестри, кои ги продале своите акции, се смета дека го сториле тоа во крајот на 90-тите години за непознати, но најверојатно пониски износи.

Накратко, макар и да не се занимаваат активно со управувањето на компанијата, тие ја контролираат „JAB Holding Company“, која денес се состои од четири главни делови – 70-процентен удел во јавната компанија за производство на парфеми „Coty Inc“; 10.6-процентен удел во јавната „Reckitt Benckiser“; модната групација за луксузни брендови „JAB Luxury“ (Jimmy Choo, Belstaff, Bally); и кафе гигантот „Jacobs Douwe Egberts“.

Со изразувањето на целите на последната трансакција на семејството е да биде создадена најголемата компанија за кафе во светот. Со договорот за „Keuring Green Mountain“, објавен во понеделникот, „JAB“ ќе го постигне токму тоа и ќе го стигне „Nestlé“ во глобалните годишни приходи од кафе.

Колку и тајно да е презимето, меѓутоа, нема како да се избегне медиумското внимание, кога се обидуваат да ја преземат контролата над една цела индустрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП