21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИMorgan Stаnley отпушта 1.200 банкари и брокери

Morgan Stаnley отпушта 1.200 банкари и брокери

150622015728-morgan-stanley-top-grad-employers-780x439

Американската инвестициска банка „Morgan Stanley “ планира да укине 1.200 работни места, вклучувајќи околу 470 банкари и брокери од берзанскиот сектор.

Тоа за агенцијата Франс прес го изјави извор запознаен со ситуацијата.

Отказите ќе погодат 25 проценти од работната сила во секторот тргување со корпоративни обврзници, државни хартии од вредност, сировини и валути, пренесува Франс прес.

Вкупниот број на откази изнесува нешто повеќе од два проценти од работната сила на „Morgan Stаnley “ која изнесува 56.000 лица.

Банката соопшти дека во четвртиот квартал ќе има трошоци за реструктура од 150 милиони долари. Акциите на „Morgan Stаnley “ паднаа за 1,9 проценти на 34,03 долари по објавените вести.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП