26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИнженер украл доверливи документи од Мерцедес

Инженер украл доверливи документи од Мерцедес

mercedes-ukral

Екипата на Мерцедес има големи проблеми со инженерот Бенџамин Хојл, кој на крајот од годината треба да се пресели во Ферари. Хојл наводно копирал доверливи документи меѓу кои се извештаи од трките, километражата и податоците за штетата на тимот на трката во Хунгароринг оваа сезона.

Мерцедес од својот инженер ги бара назад сите документи и информации кои тој ги поседува, поради тоа тимот поднесе тужба против Хојл и воедно бара начин како да го блокира трансферот на Хојл во Ферари или во некој друг тим до крајот на наредната сезона.

Инаку кога во Мерцедес дознале дека Хојл по завршувањето на сезоната ќе се сели во Ферари веднаш го префрлиле на должност која нема врска со Формула 1, добил нов e-mail, а сите тимски податоци биле избришани од неговиот лаптоп.

Меѓутоа, Хојл наводно успеал да дојде до извештајот од трката во Унгарија и некои други доверливи информации, кои би можеле да преставуваат голема предност за тим кој ќе ги добие.

Холј е вработен во „Mercedes AMG Hihg Perfomance Powertrains“, компанија која покрај за Мерцедес произведува мотори за Форс Индија, Вилијамс и Лотус Ф1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП