2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCisco купи втора компанија од еден ист човек

Cisco купи втора компанија од еден ист човек

CiscoAcano1

Само пред неколку дена „Cisco“ се согласи да купи „стартап“, основан во 2012-та година, за сума од 700 милиони долари. Освен дека тоа е прилично висока цена платена за компанија основана пред 3 години, со 200 вработени, овој договор има и неколку особености.

Високата цена се должи на фактот дека за сопственоста на компанијата се водело наддавање, а според неименуван извор, другиот главен кандидат бил „Microsoft“. Другиот љубопитен факт е дека компанијата „Acano“ е основана од Симон Теигре и О`Џеј Винџ. Самиот Теигре беше извршен директор на друга компанија за видео конференцискии разговори – „Tandberg“ која „Cisco“ ја купи во 2009-та година за сума од 3,3 милијарди долари, додека Винџ беше еден од вработените.

Двајцата се приклучуваат кон „Cisco“ по купувањето, но по истекот на едногодишниот период во кој се должни да работат за компанијата, тие ќе си заминат. Теигре пак во исто време основа и друга слична компанија – „Pexip“, но од „Cisco“ се закануваат со серија дела заради употреба на патенти на компанијата.

Теигре и Винџ се поврзале со еден од најголемите фондови во земјата, кој се согласува да го финансира настојувањето и на тој начин се доаѓа до основањето на „Acano“. Во неа веднаш се привлечени и дел од поранешните колеги од „Tandberg“. „Acano“ денес се посветува еден прилично голем проблем – тоа е да ги натера различните производи за видео конференцискии разговори да работат еден со друг. На пример – не можеме да користиме „Skype“ со колега, кој ја користи „WebEx“ на „Cisco“. Конкуренцијата помеѓу „Microsoft“ и „Cisco“ се „разжешти“ откако компанијата, основана од страна на Бил Гејтс, го купи „Skype“. Откако не успеа да го блокира купувањето, од „Cisco“ се насочија кон обвинителството за да ја убедат компанијата да работи на подобрата интеракција со нејзините производи.

„Acano“ и „Pexip“ не се единствените компании кои го имаат овој проблем. Слични се и „Spontania“ и „Blue Jeans Network“, кои исто така се основани од поранешен вработен на „Cisco“. Но „Acano“ и „Pexip“ се основани од Симон Теигре, па токму затоа од „Cisco“ секогаш го следеле развојот на компанијата. Развојот на компанијата од последните месеци и привлекувањето како клиенти на „Hitachi“ и „Vizcom“ го убедува „Ciscо“ дека мора да го купи „Acano“. Оттука доаѓа и високата цена платена за него, бидејќи во наддавање, освен „Microsoft“, учествувале и други водечки компании во секторот. По уште една зделка Теигре веќе е директор на одделот за технолошки развој во „Cisco“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП