6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVolkswagen AG ги продава MAN, Bentley, Lamborghini и Ducati?

Volkswagen AG ги продава MAN, Bentley, Lamborghini и Ducati?

 

vag777

Германскиот концерн „Volkswagen AG“ бара секакви начини да собере средства, со кои ќе ја покрие штетата нанесена од скандалот со манипулациите со дизел моторите. Еден од нив е разделба со неколку од брендовите на концернот, тврди „Ројтерс.

Според информациите минатата недела раководството на „VAG“ постигнало договор со неколку банки за доделување кредит во износ од 21 милијарди евра. Овие средства ќе бидат потрошени за идните сервисни акции, како и за казните по целиот свет, кои Германците ќе треба да платат.

Збирот сепак не е доволна, бидејќи експертите веруваат дека „Дизелгејт“, откако стана познат скандалот, ќе го чини германскиот производител не помалку од 80 милијарди евра. Па поради тоа за нивно покривање ќе треба да се бараат пари и од други места.

Една од можните опции е разделба со неколку од брендовите на концернот, кои ќе бидат објавени за продажба. Изворот на „Ројтерс“ тврди дека веќе се подготвува разделбата со производителот на камиони „MAN“, со автомобилските марки „Bentley“ и „Lamborghini“, како и со брендот за мотоцикли „Ducati“, кој беше купен пред само 3 години.

Во исто време Концернот нема намера да ги намалува инвестициите на клучните пазари, каков што е кинескиот пример. Сепак неизвесени се некои од главните проекти на „Volkswagen“, меѓу кои е претставувањето на новиот „Phaeton“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП