1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДувњак во Кил до 2020-та година

Дувњак во Кил до 2020-та година

THW Kiel - TuS N-Lübbecke

Хрватскиот репрезентативец Домагој Дувњак го продолжи договорот со Кил до 2020-та година.

Дувњак во Кил пристигна од Хамбург пред две сезони, а претходно играше во Загреб. Со Хамбург во 2013-та година ја освои титулата во Лигата на шампионите, поради што беше прогласен за најдобар играч во Бундеслигата и во светот.

„Сакам да ве известам дека го продолжив договорот до 2020-та година. Вие навивачите сте една од причините што решив да го продолжам договорот. Се надевам дека заедно ќе освоиме уште многу титули“, вели Дувњак во видео пораката.

Кил оваа сезона игра далеку под очекувањата во Лигата на шампионите, каде во девет одиграни натпревари веќе има забележано четири порази и во конкуренција на Веспрем, Фленсбург, ПСЖ, Загреб, Висла, Цеље и Бешикташ се наоѓа на четвртото место на табелета во А групата.

Во Бундеслигата 20-кратниот шампион се наоѓа на третото место со 12 победи и три пораза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП