26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPorsche ги покажа новите 911 Turbo и Turbo S (фото+видео)

Porsche ги покажа новите 911 Turbo и Turbo S (фото+видео)

poki 00

„Porsche“ официјално ги покажа новите „911 Turbo“ и „Turbo S“, чија премиера ќе се одржи на автомобилскиот саем во Детроит во јануари. Моделите добиле голем број оптимизации кои ги прават побрзи, но и поекономични, станува јасно од официјалните податоци.

poki 04

И двете машини користат 3,8-литарски боксер, кој е ревидиран и веќе генерира 20 КС повеќе. Така моќноста на верзијата „911 Turbo“ достигнува 540 КС, а кај „Turbo S“ показателот отскокнува до 580 КС.

poki 05

Ова и овозможува на послабата верзија да спринтира од место до 100 км/час за 3,0 секунди, додека кај „Turbo S“ трае 2,9 секунди. Максималната брзина на движење е соодветно 320 и 330 км/час.

poki 03

Обновените „911 Turbo“ и „Turbo S“ веќе достапни во основниот пакет на опрема „Sport Chrono“, кој е дополнет и од системот „Sport Response“. Тој се активира од копче на воланот, а обезбедува оптимално забрзување за период до 20 секунди. Исто така е достапно и режимот „PSM Sport Mode“, кој ги менува поставките на системот за стабилност и му овозможува на автомобилот да го достигне својот лимит, се вели во пораката од „Porsche“.

poki 01

Новости има и во дизајнот на двата модели. Промените не се големи, па во екстериерот се забележуваат ревидирани преден браник и задни светла, нови дневни „LED“ светла, различен капак на моторот и бандажи со нов дизајн.

poki 02

Внатрешноста е исто така малку променета, нудејќи нов волан, обновен систем „Porsche Communication Management“ и аудио „Bose“, кои се вклучени во основната опрема.

Продажбата на моделите ќе започне прво во Германија во јануари 2016-та година. На домашниот (германскиот) пазар моделот „911 Turbo“ ќе има почетна цена од 174.669 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП