27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHP забележа голем пад на приходите од компјутерите и печатарите

HP забележа голем пад на приходите од компјутерите и печатарите

hp kompani

„Hewlett-Packard“, која пред неколку недели официјално се раздели на две посебни компании, ги објави резултатите од последниот финансиски квартал, додека работеше како една компанија.

Вкупните приходи на компанијата во трите месеци кои завршија на крајот на октомври паднаа за 9,5% во однос на една година претходно, на 25,71 милијарди долари. Истовремено добивката забележа пад за 1,33 отсто на 1,32 милијарди долари.

Најголем пад забележа работењето со печатарите и персоналните компјутери, за 14%, a компанијата најави лоши резултати и за тековниот квартал.

По објавувањето на овие резултати, акциите на „HP Inc.“, која го превзема работењето на „HP“ со печатари и компјутери, паднаа за 16,3%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП