26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШтета што не знаете фински: Хотел во Хелсинки ја нуди најдобрата работа...

Штета што не знаете фински: Хотел во Хелсинки ја нуди најдобрата работа во светот

hotel1

Еден хотел во Финска објави оглас во кој се бара личност наречена „професионален спанко“.

Како што пренесува агенцијата АП, управата на хотелот „Fin“ во центарот на Хелсинки, објаснува дека „спанкото“ ќе биде задолжен во текот на 35 дена да ги тестира сите хотелски соби и сите свои забелешки да ги забележува на блогот.

За оваа идеја се сетил менаџерот на хотелот Тио Тика, кој смета дека ова ќе биде одлична реклама за неговиот угостителски објект, кој неодамна беше комплетно реновиран. Тој наведе дека за ова работно место е потребна динамична личност, која знае да напише интересен блог за целодневното искуство во хотелот кој не поседува ниту бар ниту ресторан.

Но тука е проблемот за вие да се пријавите, во огласот е наведено дека кандидатот треба течно да говори фински и англиски, а пожелно е да познава и руски јазик.

Работата започнува на 17 мај, а сите испратени пријави ќе бидат примени до крајот на април. До сега, бројот на вкупните молби кои биле испратени за ова работно место е 649.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП