27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРаботниците на Lufthansa се откажаа од штрајкот

Работниците на Lufthansa се откажаа од штрајкот

lufthanza-1410334709-565273

Вработените во германската авиокомпанија „Lufthansa“ се откажаа од штрајкот во наредните денови и ќе продолжат со преговорите со компанијата.

Синдикатот УФО соопшти денес дека ќе ги откаже штрајковите кои претходно беа најавени за четврток, петок и понеделник.

Во соопштението се додава дека ќе бидат одржани нови преговори и дека синдикатот ќе учествува на Самитот за вработување кој Lufthansa го организира на 2-ри декември.

Во спорот околу договорот со Lufthansa која се обидува да ги намали трошоците, работниците меѓу останатото, бараат да се обезбеди и отпремнина за 19.000 работници доколку тие заминат во предвремена пензија.

Претходно овој месец, Синдикатот одржа еднонеделен штрајк поради кој беа откажани 4-700 летови и погодени повеќе од половина милион патници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП