26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВиз Ер транспортирале 12 милиони патници

Виз Ер транспортирале 12 милиони патници

wizz_plane

Унгарската нискотарифна компанија Виз Ер ( Wizz Air ) во 2012 година транспортирала 12 милиони патници, за 12 проценти помалку од изминатаа година, соопштија од компанијата.

Генералниот директор на Виз Ер, Јошеф Варади, истакнува дека компанијата го зголемила бројот на редовните линии од 203 на 250, покрај зголемувањето на цените на горивото, проширувајќи ги летовите во 29 земји, со што вкупниот сообраќај пораснал за 12 проценти, најголем степен на пораст во авио индустријата.

Унгарската компанија е еден од најголемите нискотарифни авиопревозници во централна и источна Европа.

Виз Ер поседува 39 Ербас ( Аirbus) авиони А320 и 16 оперативни бази во девет земји.

Компанијата има 1.500 вработени, а оваа година на глобално ниво очекуваат бројка од 13,5 милиони патници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП