26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа ЕУ и недостасуваат 11,2 милијарди евра

На ЕУ и недостасуваат 11,2 милијарди евра

eu1

На ЕУ и се потребни дополнителни 11,2 милијарди евра во нејзиниот буџет за 2013 година, за покривање на неплатените сметки од претходната година, соопшти Европската комисија.

„Ова е потполно неприфатливо барање“, изјави британскиот политичар Грег Кларк, пренесува Франс Прес.

Бараниот износ, според Кларк, е поголем од целокупниот пакет помош за Кипар.

Европскиот комесар за буџет Јануш Левандовски изјави дека оваа сума не претставува изненадување, со оглед на тоа што земјите-членки го намалија придонесот во буџетот во изминатите неколку години.

„Како резултат на тоа, еден куп неплатени сметки се префрлени во наредната година“, изјави Левандовски и потенцираше дека неплатените сметки можат да се одложат но не можат да исчезнат.

Предлогот на Комисијата сега ќе се најде пред 27-те членки на ЕУ и Европскиот парламент, но сигурно дека ќе се соочи со многу потешкотии, со оглед на тоа дека многу земји се соочени со рецесија и рекордна невработеност.

Буџетот на Еу за 2013 година предвидува сума за трошење од 143 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП