27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДоналд Трамп не сака да гледа во ветерници

Доналд Трамп не сака да гледа во ветерници

110417_donald_trump_yelling_ap_328

Намерата на шкотската влада да изгради 11 ветерници на источниот брег на Шкотска, го разбесни американскиот милијардер Доналд Трамп, кој истакна дека тоа ќе го уништи погледот од неговиот хотел и игралиштата за голф.

Трамп во 2010 година ја заврши првата фаза од изградбата на терените за голф недалеку од Абердин за 1,14 милијарди долари, по жестоката битка со еколошките организации за заштита на околината кои го обвинуваа за уништување на непипната област.

Американскиот бизнисмен сега се закани дека поради огромните и грди ветерници ќе се откажеод планот за градење хотели на терените за голф.

Ветерниците високи 195 метри ќе бидат изградени на околу два километри од локациите на идниот Трампов хотел и терен за голф.

,,Ние, како и многу други, ќе ги стопираме плановите во Абердин се додека овој план не се поништи”, објави Трамп во соопштението во кое се закани со сите можни тужби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП