26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDell поднесе понуда за EMC

Dell поднесе понуда за EMC

emc 003

Третиот по големина производител на персонални компјутери во светот – „Dell“, има намера да ја купи компанијата за чување на податоци „EMC“. Американскиот концерн нуди 22 долари за акција.

За евентуалната зделка што може да се покаже како златна можност за „EMC“ која се наоѓа под притисок од страна на инвеститорот „Eliott Management“ да се оддели од „VМware“ во која е мнозински сопственик, пред неколку дена пренесоа агенциите.

Понудата содржи и посебна можност за чинењето на „VМware“, која е за 8 долари по акција. „Dell“ држи 80% од компанијата, која е специјализирана во софтвер за визуелизација.

Извори на „Re/Code“ тврдат дека понудата може да е 27,25 долари во кеш за акција од „EMC“, како и дополнителна вредност за делот на „EMC“ во „VМware“, како тогаш вкупната вредност на трансакцијата може да достигне 30 долари за акција.

На овој начин целата зделка може да изнесува повеќе од 50 милијарди долари, со што ќе стане најголемата технолошка трансакција досега.

Според „Wall Street Journal“, „Dell“ планира да ја лансира на берзата својата сестринска фирма „Secureworks“, која се занимава со компјутерска безбедност. Таа може да биде проценета на 2 милијарди долари, тврди весникот. „IPO“-то може да биде спроведено до крајот на годината.

Преговорите траат веќе две години, откако основачот на „Dell“, Мајкл Дел и приватната инвестициска компанија „Silver Lake“ склучија договор за нејзино купување за 24,9 милијарди долари и нејзино претворање во приватна компанија. Ова стави крај на нејзините децении како една од најголемите јавни претпријатија на пазарот на персонални компјутери.

Според податоци на пазарните аналитичари компанијата е трет по големина производител на компјутери со околу 9,6 милиони продадени уреди во третиот квартал. Тоа значи пазарен удел од речиси 14 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП