26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаул Гонзалес: Рајн Некар е тим за респект

Раул Гонзалес: Рајн Некар е тим за респект

gonzalesPresss

Дерби натпреварот од четвртото коло во ракометната Лига на шампиони ќе се одигра в сабота во Скопје, каде една наспроти друга ќе застанат двете водечки екипи во Б групата, Вардар и Рајн Некар Левен.

„Ние сме во добра позиција пред овој меч, играме добро и имаме шест бода, но сега ни доаѓа Рајн Некар, во моментов најдобрата германска екипа. Ќе биде тежок натпревар, сакам салата да биде полна, ќе ни биде потребна помошта од трибините. Рајн Некар е одличен тим со добри играчи кои знаат да одиграат добра одбрана“, рече на прес-конференцијата Раул Гонзалес тренерот на Вардар.

Гонзалес не сакаше премногу да ја коментира победата на Рајн Некар над Кил во средата во германското првенство, исто како што не сакаше да се враќа назад во минатото и да говори за двата минатосезонски дуели во кои Вардар двапати го совлада германскиот тим.

„Во сабота играме ние против Рајн Некар, не можеме да зборуваме за Кил или за натпревароите од лани кога овде победивме со три-четири голови разлика, а таму го одигравме најдобриот меч во сезоната. Ние мора да одиграме силно, мора да бидеме брзи, тие имаат опасен контранапад“, рече Гонзалес.

Шпанскиот стратег во пресрет на дуелот има проблеми со повредени играчи, особено на пивотменската позиција, бидејќи не е сигурен дали Стоилов и Марсениќ ќе бидат во можност да играат. Стоилов има повреда на рамото, а Марсениќ на скочниот зголб.

Кога станува збор за Карачиќ и Дибиров кои се повредија минатата недела против Кристијанштад и кои поради повредите го пропуштија гостувањето во СЕХА лигата кај Спартак во Суботица, Гонзалес е убеден дека тие ќе бидат во составот.

„Очекувам тежок меч за двата тима, важно е што ние имаме три три победи. Рајн Некар е тим кој во моментов игра атрактивен и брз ракомет, но сметам дека ние ќе биде подготвени да одговориме на нивната игра“, додаде екс играчот на германскиот тим Сергеј Горбок.

Дуелот во ЛШ, Вардар-Рајн Некар Левен в сабота во СЦ „Јане Сандански“ ќе започне во 17.30 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП