27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајава на кросоверот на Alfa

Најава на кросоверот на Alfa

ar suvce

Со премиерата на „Giulia“ беше означен почетокот на долгоочекуваната нова палета модели на италијанската марка „Alfa Romeo“. Седанот треба да биде проследен со кросовер, тврди весникот „Worldcarfans“ кој нуди и неофицијални слики на идниот модел.

Сликите се дело на независниот дизајнер Алесандро Мазера кој при создавањето на моделот црпи инспирација токму од прикажаниот автомобил „Giulia“ во Франкфурт. Возилото располага со типични елементи од „SUV“ сегментот, а изгледа малку повеќе компактен од седанот.

ar suvce1

Се очекува првиот во историјата кросовер на „Alfa Romeo“ да се нуди како со преден, така и со погон на сите четири тркала. Моделот ќе биде опремен со 4-цилиндрични бензински и дизел мотори, најверојатно ќе бидат понудени и „V6“ агрегати за врвните дизел и бензински верзии.

Во моментов е јасно дека кросоверот треба да започне да се произведува во првата половина на 2016-та година. Премиерата на овој модел најверојатно ќе се одржи во март во Женева.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП