Во текот на изминатата недела на Интернет имаше шпекулации дека најголемиот светски производител на паметни телефони – „Samsung“ ќе објави нова серија на пазарот (серија „О“) и два модела од неа „Galaxy O5“ и „Galaxy O7“.
Според последните податоци, сепак, компанијата се откажала од овие намери и најверојатно ќе ги претстави моделите со имиња „Galaxy Mega On“ и „Galaxy Grand On“.
Првиот модел се очекува да е со 5.5-инчен екран со резолуција од 729 пиксели и 13 мегапикселна задна камера. Процесорот се очекува да е „Qualcomm Snapdragon 410“ со фреквенција од 1.2 GHz, а батеријата да е со капацитет од 3.000 mAh. Оперативната меморија најверојатно ќе е 1,5 GB, а внатрешната – 8 GB. Во однос на димензиите на уредот, тие се очекува да се 151.8 x 77.5 x 8.2 mm, а тежината ќе биде 145 грама.
Вториот модел – „Galaxy Grand On“ се очекува да има 5-инчен екран со резолуција од 720 пиксели и 8 мегапикселна задна камера. Чипот кај него најверојатно ќе е „Exynos 3475“ со фреквенција од 1.3 GHz, а батеријата со капацитет од 2.600 mAh. Уредот се очекува да е со 1 GB RAM меморија и 8 GB внатрешна. Димензиите најверојатно ќе се 142 x 71.9 x 8.5 mm, а пак тежината од 140 грама.
Според информациите и двата модели се очекува да имаат оперативен систем „Android 5.1 Lollipop“.