26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPanasonic ја затвора фабриката за батерии во Пекинг

Panasonic ја затвора фабриката за батерии во Пекинг

pani 33

Јапонскиот електронски гигант „Panasonic“ соопшти дека ќе престанат со производство на литиум – јонски батерии во својата фабрика во Пекинг и дека истата ќе ја затворат.

Овој чекор ќе допринесе до гасење на 1.300 работни места, пишува „Ројтерс“.

Во „Panasonic“ се одлучија да се фокусираат на производите со поголема маржа како што се електричните акумулатори.

Фабриката, која е стара 15 години, произведува батерии за едноставните мобилни телефони и дигитални фотоапарати, чија популарност е надмината од паметните телефони.

„Глобалниот пазар за овие производи се намалува“ соопштуваат од „Panasonic“, додавајќи дека ова затворање е како последица на глобалниот пазар и турболенциите кои се случуваат на кинескиот пазар. Работените се известени за затворањето при крајот на јули.

Финска „Nokia“, која го продаде својот бизнис за мобилни телефони на „Microsoft“ во 2014-та година, беше главен корисник на оваа фабрика.

„Panasonic“ ја превзема фабриката и производството од „Sanyo Electric“, лидер во производството на овие батерии и соларни панели од 2010-та година. Меѓутоа, овој договор не допринесе многу за растот на „Panasonic“ поради појавата на јужнокорејските производители, сметаат аналитичарите.

Затворањето на оваа фабрика „Panasonic“ ќе го искористи за реструктуирање и фокусирање на производство на електрични акумулатори и штедливи енергетски системи, отколку на плазма телевизори и паметни телефони каде има силни азиски ривали.

Кинеската економија во последниот период е многу забавена, а големите турбуленции на берзите допринеле за масовна загуба на азискиот пазар. Последиците се чуствуваат во целиот свет, цените на нафтата и ослабените акции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП