26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА20 совети како учтиво да завршите премногу долг разговор

20 совети како учтиво да завршите премногу долг разговор

rabota 330

Колку пати сте имале продуктивна конверзација која некако била премногу долготрајна?

Секому се случило да не знае како да се извлече од разговор кој нема крај. Еве неколку совети како љубезно да и дадете на знаење на личноста дека сакате да го завршите разговорот.

Преку телефон:

1. Очекувам друг повик за неколку минути, благодарам на разговорот, се слушаме наскоро (за неколку дена/ или по избор).

2. Батеријата ми е при крај, одам да ја наполнам пред да се исклучи врската. Ви посакувам успешен ден!

3. Звучи како да покривме се што требаше, така да оставиме сега. Ви благодарам на овој продуктивен разговор!

4. Можете ли да верувате дека е веќе (на пример 13 часот). Сигурно имате уште многу да сработите. Јавете ми ако постои уште нешто што можам да направам за вас.

На настан:

1. Ве молам извинете ме, ќе морам набрзина до тоалетот. Ми беше задоволство да ве запознаам!

2. Навистина уживав во разговорот со вас. Одма ќе се приклучам на „LinkedIn“ да бидам во тек со вашите интересни случувања. Одам да ги поздравам пријателите/во другата сала/ …

3. Извинете што морам да ве напуштам вака брзо, но ми беше вистинско задоволство и се надевам дека ќе се сретнеме повторно. Имате ли визит карта?

4. Одам да се „промувам“ уште малку, пред да си одам. Може ли да те запознаам со некого?

Во канцеларија:

1. Морам да и се вратам на работата и да завршам (одреден проект). Ајде да се видиме за еден час.

2. Знам дека сте во гужва, ќе ве оставам да завршите.

3. Обавезно морам да слушнам се за тоа, само да помине малку оваа гужва, ајде да одиме подоцна на кафе.

4. Извинете, ме чекаат неколку мејлови кои морам да ги испратам што побрзо.

На крај од состанок:

1. Изгледа дека поминавме се што планиравме. Ако никој нема некое прашање, се гледаме на следниот состанок.

2. Веднаш по нас е следниот состанок во оваа канцеларија. Треба да си ги собереме своите работи и да дозволиме да влезе следната екипа.

3. Ме радува дека го завршивме состанокот 15 минути порано. Морам сега брзо да испратам неколку мејлови.

4. Ви благодарам на сите на продуктивниот состанок. Ќе ви ги испратам белешките подоцна.

Видео повик:

1. Ви багодарам што издвоивте време за разговор со мене. Ви посакувам успешен ден, ги очекувам вашите мејлови.

2. Вашите идеи звучат супер, едвај чекам да видам како ќе се развиваат. Во меѓувреме, сигурно имате многу да направите, затоа ќе ве оставам да си работите.

3. Ќе ви одговорам на прашањата веднаш кога ќе бидам во можност, сега морам да одам. Моите мејлови можете да ги очекувате до крајот на денот/неделата.

4. Неможам да верувам дека е веќе пладне! Нема ли да ви смета да го завршиме разговорот да се вратам на работата?

Преку овие љубезни, но одлични начини да кажете догледање, нема повеќе да „заглавувате“ во разговори. А личноста со која разговарате, и да не биде задоволна, барем нема да е навредена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП