26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Express Inc тројно се зголеми

Профитот на Express Inc тројно се зголеми

express inc

„Express Inc“ забележа тројно зголемување на нето добивката за последниот квартал, откако продажбата и профитот на трговците на мало на облека забележа раст во позадина на подобриот производ микс, пренесува „МаrketWatch“.

Добивката по акција на компанијата ја победи прогнозата на „Wall Street“, што и овозможи на „Express“ дополнително да ги подигне очекувањата за годишните приходи и оние за тековното тромесечје.

Акциите на компанијата се зголемија за околу 19% во текот на оваа година, откако додадоа цели 13% пред денешното отворање на пазарот.

Синџирите, како „Express“ кој се одвои од „L Brands Inc“ во 2007-ма година, се борат во последните години во позадина на смалувањето на приходите и побарувачката на слични намирници како целина.

Во средата сепак извршниот директор Дејвид Корнберг изјави дека подобрениот асортиман на производи „ни овозможи да ја намалиме ширината, длабочината и интензитетот на нашите промоции“.

Општо земено, трговецот на мало забележа добивка во износ од 21 милиони долари, или 25 центи по акција, во споредба со 6,9 милиони долари, или 8 центи, една година порано. Приходите пак пораснаа за 11% до 535,6 милиони долари.

Раководството на компанијата очекува просечна заработка по акција за 2015-та година во износ од 13 до 16 центи. Истовремено аналитичарите очекуваат 504,8 милиони долари во форма на продажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП