27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСтартува YouTube Gaming

Стартува YouTube Gaming

yt 333

YouTube е подготвен со гејмерската стриминг услуга, која ќе е конкурент на популарната платформа „Twitch.tv“, соопштува интернет изданието „Ars technica“. „YouTube Gaming“ ќе биде пуштена официјално во наредните неколку часа на оваа адреса.

Освен тоа ќе има и одделни мобилни апликации за „Android“ и „iOS“. Преку нив симпатизерите на популарните игри и гејмерите ќе можат да ги набљудуваат случувањата во реално време. Платформата ќе обединува како емисии во живо, така и било која друга гејмерски содржина која се споделува на „YouTube“. Софтверот автоматски ќе ја систематизира и сортира содржината по категории.

Ова ќе создаде и посилна конкуренција меѓу самите гејмери, бидејќи приоритет ќе се даде на најпопуларната содржина. Користен е „HTML5“ за платформата, што треба да го направи полесен за обработка на уреди и за мобилната конекција.

Се очекува дека слично на „Twitch“, гејмерите ќе можат да резервираат емитување и тие да се достапни на снимање во секое време. Освен тоа ќе има и функција „DVR Mode“, која ќе им овозможува на гледачите да прегледуваат до 4 часа додека во живо преносот продолжува.

Амбициите на „Google“ и „YouTube“ се гејмерската платформа да стане најпосакувана, како од самите играчи, така и од гледачите. И во моментов голем дел од гејмерите во „Twitch“, ги подигнат записите на програмите во „YouTube“ и монетаризирани преку реклами.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП