26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНа Максимир ќе истрчаат 330 милиони евра

На Максимир ќе истрчаат 330 милиони евра

Picture 4

Одбројувањето за натпреварот помеѓу Хрватска и Србија во квалификациите за Светското првенство во Бразил започна одамна, а во петок 22-ри март на теренот на „Максимир“ ќе истрчаат фудбалерите на двете селекции чија вкупна вредност се проценува на околу 330 милиони евра. Според проценките хрватската репрезентација е нешто поскапа, имено избраниците на Игор Штимац вредат 182 милиони евра, а пак составот на Синиша Михајловиќ 148.5 милиони евра.

Движејќи се по позициите, голманите се со идентична вредност, по шест милиони евра, одбраната на Србија е скоро дупло повредна, додека средниот ред и напаѓачката линија на Хрватска се далеку над вредностите од српските фудбалери на тие позиции.

Кога станува збор за највреден играч, во домашниот тим е членот на Реал Мадрид, Лука Модриќ кој е проценет на 35 милиони евра, додека голгетерот на Баерн, Марио Манџукиќ чини 19 милиони евра. На третото место се најде Дарио Срна од Шахтјор (12 милиони).

Во составот на Србија, најголема вредност имаат одбранбените играчи, Бранислав Ивановиќ од Челзи (24 милиони), Невен Суботиќ од Дортмунд (18 милиони) и членот на Манчестер Сити, Матеа Настиќ кој вреди 17 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП