26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИXiaomi подготвува Windows 10 таблет

Xiaomi подготвува Windows 10 таблет

mi tab 33

Интернет страната „GizmoChina“ го пренесува коментарот на аналитичарот Пан Џиутанг кој е објавен на друштвената мрежа „Weibo“.

Тој предвидува дека „Xiaomi“ во третиот квартал од 2015-та година ќе го престави својот нов „Mi Pad“ таблет. Но за разлика од минатогодишниот модел, новиот не би требало да го користи оперативниот систем „Android“, туку наместо него да го содржи „Microsoft Windows 10“.

Не се споменува дали станува збор за „Windows 10 Mobile“ или пак за целосната верзија на оперативниот систем „Windows“. Најверојатно ќе биде втората опција поради тоа што „Microsoft“ препорачува користење на целосната верзија на „Windows 10“ на таблетите кои имаат екрани од 8 и повеќе инчи.

Поради тоа што новиот таблет би требало да биде претставен до крајот на септември, постои можно официјална премиера да има на 16-ти август заедно со новата „MIUI“ верзија (модифицирана верзија на „Xiaomi“ од „Android OS“).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП