27 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОд кого би посакале добар совет за успешен бизнис ако не од...

Од кого би посакале добар совет за успешен бизнис ако не од нив

uspesni(1)

Најуспешните луѓе на светот советуваат луѓе кои сакаат блескава кариера. Накратко, успехот од нивните искуства не доаѓа прек ноќ и потребни се години труд, а и погрешни одлуки, па дури и грешки за да се дојде до успешен бизнис.

„Ако не можеш да сонуваш за тоа, не можеш ни да го работиш тоа“, Волт Дизни.

„Потребни се 20 години за да изградите репутација и само 5 минути да ја уништите. Ако го имате тоа на ум, ќе работите поинаку“, Ворен Бафет.

„Иновацијата е она што ги одделува лидерите и следбениците“, Стив Џобс.

„Не сум доживеал неуспех. Јас само пронајдов 10.000 погрешни начини да се направи нешто“, Томас Едисон.

„Секогаш избирам мрзлива личност да ја одработи најтешката задача, бидејќи мрзливата личност ќе го најде најлесниот начин да го направи тоа“, Бил Гејтс.

„Немојте да се движите така што ќе ги почитувате правилата. Учете додека работите и грешите“, Ричард Бренсон.

„Најбрзиот начин да се промените себе е да се дружите со луѓето кои се она што вие би сакале да бидете“, Реид Хофман.

„Добро е да го прославите успехот, но поважно е да ги научите лекциите од неуспехот“, Бил Гејтс.

„Да дојдете до идеја е лесно. Да ја примените е тешко“, Гај Кавасаки.

„Работата која не носи ништо освен пари е бедна работа“, Хенри Форд.

„Единственото место на кое успехот (success) доаѓа пред работата (work) е речникот, Видал Сасун.

„Премалку самодоверба и нема да можете ништо да направите. Премногу самодоверба и нема да можете да слушате“, Џон Маед

„Најголем ризик е да не ризикувате. Во светот кој се менува многу брзо, единствена стратегија која сигурно води до неуспех е да не преземете ризик“, Марк Џукерберг.

„Без оглед дали мислиш дека можеш или дека не можеш, во право си“, Хенри Форд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП