26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСпецијален Mercedes-Benz C-Class за Јапонија (фото)

Специјален Mercedes-Benz C-Class за Јапонија (фото)

jap mece

Лимитирана верзија на новата генерација „C-Class“ пушти германската компанија „Mercedes“ во Јапонија. Моделот го носи името „C200 Sports Edition“ и веќе е достапен за нарачка.

jap mece1

Специјалната верзија на седанот е базирана на моделот „C 200 AVANTGARDE“, а е опремена со голем број на дополнителни функции. Меѓу нив се надворешен пакет „AMG“, 18-инчни тркала, воздушно рендерирање „AIRMATIC“ и специјална боја – бела (Polar White) или црна (Obsidian Black).

jap mece2

Внатрешноста исто така е во спортска тема, нудејќи предни кожени седишта со греење, елементи од темно дрво, педали од нерѓосувачки челик, спортски волан, патосници „AMG“ и друго.

jap mece3

Јапонскиот „C200 Sports Edition“ е веќе достапен за нарачка, а првите испораки на клиентите ќе бидат реализирани за еден месец. Модификација е лимитирана, а ќе биде предложена во серија од 700 примероци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП