27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛига Европа: Војводина ја декласира Сампдорија

Лига Европа: Војводина ја декласира Сампдорија

vojvodina

Убедливата победа на Војводина во Италија над Сампдорија (4:0) во првиот меч од третото коло во Лига Европа најсилно одекна меѓу фудбалскиот свет на Стариот континент. Покрај триумфот на Војводина, внимание привлече и победата на Работнички, во Скопје, над фаворизираниот Трабзон, како и прекинот на натпреварот во Тирана помеѓу Кукеши и Легија.

Војводина целосно ја декласира Сампдорија, екипа која минатата сезона беше вистински хит во Серија А. По катастрофалниот пораз новиот тренер на Сампдорија, Валтер Зенга, јавно ја презеде вината за поразот.

„Мора да извлечеме поуки од овој меч. Дојдов тука на 1-ви јули, некои играчи се уште не се подготвени, некои си заминаа од клубот. Мораме нешто да купиме во трансфер периодот“, рекол Зенга.

Првиот човек на Сампдорија, Масимо Фереро шокиран по натпреварот им се извини на навивачите.

„Морам да им се заблагодарам на нашите навивачи. Заслуживме пораз и јас им се извинувам поради тоа. Многу работи кои ги правевме беа погрешни. Ова не е мојата Сампдорија, ова не е силен тим. Можеби не ние судено да минеме во следната фаза. Имаме уште еден меч, во фудбалот никогаш ништо не се знае. Верувам во играчите“, рекол претседателот на Самдорија.

Работнички со цврста игра го надигра Трабзон и обезбеди минимална предност пред реваншот. Импресивно делуваше Работнички во првото полувреме кога и беше постигнат единствениот гол на натпреварот преку капитенот Илијоски.

Мечот во Тирана помеѓу Кукеши и Легија најпрвин беше прекинат при водство на полскиот тим (1:2), а потоа УЕФА реши иститот да биде прекинат.

Швајцарскиот судија Стефан Клоснер го прекина мечот, откако играчот на Легија Андреј Дуда бил погоден со камен во главата. Инаку инцидентот се случил кога играчите на Легија го прославувале голот на Џејмс Рженичак со кој полскиот тим стигнал до предност од 2:1.

Инаку навивачите на Кукеши уште пред почетокот на мечот најавија дека се можни инциденти бидејќи на трибините истакнала транспарент на кој пишувало: „Крајот на натпреварот ќе биде крајот на твојот живот: Не сум Словен, јас сум Албанец“.

Позитивен резултат од Цирих носи Динамо Минск, откако славеше со 1:0 над историмениот тим. Железничар од Сараево загуби со 2:1 во Лиеж од Стандард, додека Хајдук во Сплит го победи норвешки Стромгодсет со 2:0.

Борусија Дортмунд не блескаше но славеше победа во Австрија над Волфсбергер, а Розенборг со пресврт во Унгарија славеше над Дебрецен со 3:2.

Убедлив настап имаа француските екипи Бордо и Сент Етиен. Бордо со 3:0 триумфираше над АЕК Ларнака, додека Сент Етиен со ист резултат во Романија запиша победа над Таргу Муреш.

ПАОК со играч помалку славеше над Спартак Трнава (1:0), Рубин Казањ во Грац славеше над Штурн (3:2), а Атлетик Билбао запиша рутинска победа над Интер Баку (2:0). Атромитос го изненади АИК во Стокхолм (3:1), АЗ Алкмар го победи Басакшехир (2:0), додека украинска Зорја победи во Белгија против Шарлроа (2:0).

Вест Хем киксираше против Астра, англискиот тим испушти водство од 2:0, мечот заврши без победник, додека сигурна победа забележа Саутемптон над Витесе (3:0).

Резултати: Кајрат-Абердин 2:1, Елфсборг-Од Гренланд 3:1, АИК-Атромитос 1:3, Алтах-Гимараеш 2:1, Аполон-Габала 1:1, Краснодар-Слован Братислава 2:0, Либерец-Шмона 2:1, ПАОК-Трнава 1:0, Штурм-Рубин 2:3, АЗ Алкмар-Басакшехир 2:0, Тун-Вадуз 0:0, Жилина-Ворскла 2:0, Цирих-Динамо Минск 0:1, Таргу Муреш-Сен Етиен 0:3, Брондби-Омонија 0:0, Дебрецен-Розенборг 2:3, Работнички-Трабзон 1:0, Кукеши-Легија (прекинато 1:2), Бордо-АЕК 3:0, Шарлроа-Зорја 0:2, Стандард-Железничар 2:1, Атлетик Билбао-Интер Баку 2:0, Вест Хем-Астра 2:2, Беленешеш-Гетеборг 2:1, Хајдук-Стромгодсет 2:0, Сампдорија-Војводина 4:0, Волфсбергер-Борусија Дортмунд 0:1, Саутемптон-Витесе 3:0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП