26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНови мотори за Porsche Boxster и Cayman

Нови мотори за Porsche Boxster и Cayman

bokister

Откако од палетата на мотори на семејството „Porsche 911“ речиси целосно исчезнаа атмосферските мотори, сега нешто слично ќе се случи и со „Porsche Boxster“ и „Cayman“, пишува весникот „Car“.

Модификацијата на овие два модели е предвидена за почетокот на 2016-та година, а промените ќе влијаат главно на техничкиот дел. Досега основните верзии на двата модела беа опремени со атмосферски 6-цилиндарски „боксер“ со зафатнина од 2,7 литри, а кај „Boxster“ моќноста беше 265 КС, а кај „Cayman“ 275 КС.

Овие агрегати одат во историјата, а нивното место ќе биде зафатено од 4-цилиндричен турбо мотор чија моќност е 243 КС. Тој исто така ќе биде „боксер“, а ќе биде распореден најниско во палетата на двата модела.

На следното скалило ќе биде ставен 2.5-литарски турбо мотор со 304 КС, кој го зазема местото на досегашниот 3,4-литарски атмосферски „боксер“, кој развива 315 КС, кај „Boxster S“ и 325 КС кај „Cayman S“. Помоќна верзија на овој мотор ќе биде достапна за модификациите „GTS“. Таа ќе се потпира на 375 КС, а ќе ги заменува досегашните опции со 330 и 340 КС.

Најмоќните агрегати во палетата ќе се распоредат на „Boxster Spyder“ и „Cayman GT4“. Нивниот погон ќе биде доверен на атмосферски агрегат со зафатнина од 3,8 литри, кој кај првиот модел ќе развива 375 КС, а кај вториот 385 КС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП