2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАРазговорот за работа не помина како што очекувавте? Без грижа, од грешките...

Разговорот за работа не помина како што очекувавте? Без грижа, од грешките најдобро се учи!

job-interview-disaster-ftr

Излеговте од просторијата по разговорот за работа со чувство дека целиот свет се срушил врз вашата глава.

Понекогаш, ниту сите дипломи, ниту работното искуство и вештините, не се доволни за да ја добиете работата.

Толку причини за НЕ

Или сте преквалификувани, неквалификувани, немате работно искуство, имате големо работно искуство, одлично изгледате, не изгледате доволно добро… Во тој случај било што да кажете, нема да ја добиете работата. Престанете со тоа да се оптеретувате.

На лошите разговори за работа се учи

Било која и да била причината поради која не сте ја добиле работата, треба длабоко да вдишете, да ја анализирате ситуацијата и да го затворите тоа поглавје. Кога сте анализирале што се случило на разговорот за работа, сте сфатиле каде сте погрешиле, и сега е потребно да извлечете поука од тоа и нешто да научите.

Ако сте ја воочиле грешката, на пример. Сте сфатиле дека не сте биле доволно самоуверени во своите одговори, сфатете го тоа како самокритичност и подобрете се, работете на својата самодоверба.

Вложувајте во себе и своето знаење

Откако вашиот разговор за работа поминал неславно, откако ќе добиете негативен одговор, замолете ги да ви објаснат кои ваши карактеристики не биле задоволувачки, што е она што ве дискфалификувало. Откако ќе го добиете одговорот, работете на тоа поле и усовршете го.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП