26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКако шестгодишната Изабела стана милионер

Како шестгодишната Изабела стана милионер

izabela1

Светот тргна по ѓаволите е коментарот на многумина кои ја прочитале оваа приказна. Шест годишната Изабела Барет, која во јуни минатата година се појави во реалното шоу „Девојки и дијадеми“, стана милионерка. Изабела лансираше многу успешна линија на накит за деца.

Во управувањето со линијата „Glitzy Girl“, која на малите девојчиња им нуди и шминки, и помага нејзината мајка Сузан.

izabela4

Ѕвездата на контроверзното шоу „Девојки и дијадеми“, коe прикажува избор на најубаво девојче, сама ги тестира примероците од нејзината колекција која е сочинета од сјај за усни, нараквици, сенки за очи и сл.

-Јас сум шефица и тоа е многу забавно, изјави Изабела за магазинот „In Touch“.

Изабела идејата за отпочнување на бизнис со накит ја добила на изборот за мис.

izabela3

Многумина го осудуваат ваквото експлоатирање на децата, бидејќи како што тврдат, овие деца немаат доволно време да му посветат на образованието, односно тие во најголем случај не ни присуствуваат на училиште, а не ги посетуваат ни активностите кои се прикладни со нивните години и стануваат жртви на модните трендови, со кои, во нормални услови би требало да се ангажираат во повозрасните години.

izabela2

Мајката на Изабела ја поддржува својата ќерка, иако признава дека Изабела има пропуштено голем дел од школувањето, но вели дека претприемачот е вродена карактеристика на нејзината ќерка.

-Секој пат кога Изабела ќе победеше, добиваше наравица со титула, со која им се фалеше на другите. Нараквиците им се допаднаа на сите и затоа ние ја искористивме популарноста на Изабела и започнавме сопствен бизнис, објаснува нејзината мајка.

Мајката на Изабела во моментов не и дозволува на ќерката да ги троши заработените пари, таа редовно ги става во банка и вели дека ќе бидат нејзини откако ќе наполни 18 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП