26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБМВ: Рекордна продажба по втор пат

БМВ: Рекордна продажба по втор пат

bmv2

Германскиот автомобилски гигант БМВ во 2012 година продаде вкупно 1,854 возила, што е за 10,6 проценти повеќе од 2011 година, со што втор пат по ред оствари рекордна продажба.

Само во декември минатата година БМВ продаде 181,571 автомобили, што е за 14,8 проценти повеќе од истиот месец во претходната година, пренесува агенцијата Франс Прес.

Директорот на маркетинг секторот изјави дека БМВ ја задржа лидерската позиција во премиум сегментот и дека во 2012 година се продадени најмногу возила во долгогодишната историја на БМВ.

Растот на продажбата беше поттикнат од силната побарувачка од Азија. Во Азија, БМВ забележа раст на продажбата од 31,6 проценти, додека само во Кина се продадени 40,4 проценти повеќе возила од 2011 година.

На американскиот пазар продажбата е зголемена за 11,9 проценти, додека на европскиот континент е забележан скромен раст од 0,8 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП