26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаварците го претставија Даглас Коста

Баварците го претставија Даглас Коста

daglas kosta

Баерн официјално го објави привлекувањето на бразилскиот репрезентативец Даглас Коста од украинскиот гигант Шахтјор Доњецк.

24-годишниот напаѓач потпиша договор со баварците за пет сезони до летото 2020-та година, а од Шахтјор потврдија дека трансферната сума за правата на играчот е 30 милиони евра. Тој ќе игра со бројот 11 во германскиот шампион.

„Задоволни сме што успеавме да го купиме Даглас Коста. Неговиот петгодишен договор покажува дека ја планираме иднината на Баерн со овој напаѓач. Му посакуваме брзо да се навикне тука во Минхен и во Баерн“, изјави финансискиот директор на Баерн, Јан Кристијан Дреесен, кој ги водеше преговорите со Шахтјор Доњецк.

„Даглас Коста ќе влијае добро на нашиот тим. Тој има големи технички можности, силна лева нога, многу е подвижен и брз. Даглас Коста се одлучи по Бразил и Украина да го направи следниот чекор во својата кариера во Бундеслигата и во Баерн. Ќе го поддржуваме во се“, вели спортскиот директор Матијас Замер.

„За мене една желба се оствари денес. Горд сум што ќе играм за Баерн во кој играле толку познати бразилски фудбалери. Се радувам на раскошниот тим и ќе направам се да ги исполнам очекувањата“, рече пак самиот Даглас Коста, кој учествуваше со Бразил на Копа Америка и доби уште 10 дена одмор, по што ќе започне да тренира со баварците, кои денеска официјално ги започнаа летните подготовки.

Бразилецот е вистинска алтернатива за крилата Ариен Робен и Франк Рибери, кој ја лекува повредата и не е јасно кога ќе може да се врати во игра.

Ова е втор трансфер за германскиот шампион во ова лето по привлекувањето на голманот Свен Улраих од Штутгарт. Тој, сепак, ќе биде резерва на Мануел Нојер од новата сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП