27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНов обид за продажба на Adria Airways

Нов обид за продажба на Adria Airways

adria prodazba

Словенија денеска објави нов повик за потенцијалните инвеститори кои покажуваат интерес за да учествуваат во постапката за продажба на националниот авиопревозник „Adria Airways“.

Се продаваат вкупно 91,58 проценти од акциите на компанија, од кои дури 69,87 отсто се во непосредна сопственост на државата, а останатите нејзини фондови.

Во повикот за пријавување и испраќање на своите понуди кои во име на словенечкиот државен холдинг ги објави консултатнската компанија „KPMG“, се наведува дека станува збор за добра можност за купување на компанијата која има глобален домет и препознатлив бренд.

Adria Airways“ минатата година на 30 редовни линии во Европа и со чартерските превози имала 1.1 милион патници со силна пазарна позиција во југоисточна и средна Европа.

Oваа авиокомпанија во последните години работи со потешкотии, а меѓу останатото и поради задолженоста кон банките. И покрај тоа, таа минатата година имала добивка од 900.000 евра.

На листата на државни компании кои треба да се продадат е ставена од 2013-та година, но обидот да се најде стратешки купувач заврши неуспешно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП