27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan Leaf за 2016-та ќе има поголем радиус на движење

Nissan Leaf за 2016-та ќе има поголем радиус на движење

leaf niss2

Покрај високата цена, една од најголемите пречки за масовна продажба на електричните автомобили е малата автономија на движење со едно полнење на батеријата.

Поради тоа, „Nissan“ сака оваа карактеристика да ја подобри на новата генерација на најпродаваниот електричен автомобил во светот – моделот „Leaf“.

Подобрениот „Leaf“ би требало да биде претставен веќе на крајот на летото, дознава „Automotive News“.

Цитирајќи извор од јапонската компанија, овој автомобилски магазин тврди дека новиот „Leaf“ наместо досегашната литиум-јонска батерија од 24 kWh, ќе има нова со капацитет од 30 kWh.

Благодарејќи на тоа, автомобилот со едно полнење ќе може да помине и до 200 km. Актуелниот модел има радиус на движење од околу 135 km.

Сепак се очекува дека во реални сообраќајни услови автономијата na возењето да изнесува 170-180 km.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП