26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРААко сакате да бидете креативни досадувајте се

Ако сакате да бидете креативни досадувајте се

1739864427558bfa851a690109306946_w640

Денес повеќе од било кога сме окупирани со Интернет, Фејсбук, Јутуб. Дури кога и на секунда ни е досадно, брзо наоѓаме нешто што ќе ни го оттргне вниманието. Меѓутоа, ако непрекинато сте ангажирани ќе ја пропуштите користа од досадувањето. Иако звучи неверојатно, сепак досадувањето има свои предности.

Кога ви е досадно тоа значи дека на мозокот му се потребни нови идеи. Истражувачите потврдија дека по досадувањето луѓето стануваат покреативни. Направиле експеримент и на една група учесници и дале задача 15 минути да го препишува телефонскиот именик. Кога учесниците започнале да се досадуваат, им бил даден тест за креативност во кој требале да пронајдат што повеќе начини за употреба на пластичната чаша. Нивните резултати се споредувани со резултатите на другата група, која претходно не се досадувала. Научниците дошле до заклучок дека покреативни биле оние кои се досадувале.

Психолозите сметаат дека писателите знаат дека досадата им помага во креативноста, и како доказ го даваат цитатот на комедиографот Грахам Линехан: „Јас кога пишувам го исклучувам интернетот, правам да ми биде досадно, бидејќи досадата е суштински дел од пишувањето“.

Д-р. Санди Ман, автор на експериментот со телефонскиот именик смета дека: „Досадата на работа секогаш била гледана како нешто што треба да се елиминира, но сега знаеме дека досадата ја поттикнува креативноста и таквиот став треба да се промени“. Исто така, тврди дека шефовите кои бараат константна зафатеност ненамерно ја рушат креативноста на својот тим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП