26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVW одлучи: Пристигнуваат евтини модели по цена од 8.000 до 11.000 евра

VW одлучи: Пристигнуваат евтини модели по цена од 8.000 до 11.000 евра

vw kina 303

„Volkswagen“ планира почнувајќи од 2018-та на купувачите да им понуди нов евтин семеен автомобил.

Возилото првично ќе се продава во Кина, но најверојатно многу бргу ќе пристигне и на останатите светски пазар, потенцираше директорот на германската компанија, Мартин Винтеркорн.

По првиот модел, во план е и цело семејство евтини возила, тврди Винтеркорн.

„Ќе пласираме на пазарот линија нови автомобили по поволни цени и тоа еден „SUV“ модел, лимузина и компактно возило“, прецизираше тој.

„Volkswagen“ со години се обидува да лансира евтино возило, но потешкотиите со кои се соочуваше на внатрешен план, кога станува збор за рационализација на трошоците, ја принудуваа компанијата да го одложи таквиот проект.

„Новите, евтини возила, кои ќе се произведуваат во Кина, на купувачите ќе им бидат понудени по цена од 8.000 дo 11.000 eвра“, додава Винтеркорн.

Потсетуваме, претходно беше предвидено „Volkswagen“ во рамките на евтиниот бренд да лансира модели со почетна цена која ќе се движи во опсег од 6.000 дo 8.000 eвра.

Покрај на кинескиот пазар, требаше овие автомобили да бидат понудени и на купувачите во Индија и другите азиски земји, потоа и во Јужна Америка, како и во регионите од Источна Европа и Африка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП