26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШалке забележа загуба во 2012-та

Шалке забележа загуба во 2012-та

salke

Германскиот фудбалски прволигаш Шалке објави дека минатата година претрпеле загуба од 4.5 милиони евра.

Шалке во 2011-та година имаше профит од 5.57 милиони евра, а загубата од минатата година се должи пред се поради договорите на играчите.

Приходот од 1-ви јануари до 31-ви декември 2012-та година бил 172 милиони евра што е втор во историјата на клубот, додека една година претходно бил 199.8 милиони евра. Долговите биле намалени за 12.06 милиони или на 151.69 милиони евра.

Тимот од Гелзенкирхен моментално е на четвртото место на табелата во Германија, откако се опорави од лошиот период од средината на сезоната. Меѓутоа клубот за следната сезона не обезбеди пласман во Лигата на шампионите од каде исто така се полни клупскиот буџет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП