26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСо овој паметен телефон не ви треба мобилен оператор

Со овој паметен телефон не ви треба мобилен оператор

wifi smartphone 33

Доколку вашиот смартфон може да користи безжични „WiFi“ мрежи за да се праќаат пораки, остваруваат разговори и ужива во мобилните апликации, тогаш зошто ви се потребни услугите на мобилните оператори?

Ова прашање го поставуваат од „Scratch Wireless“. Овој „стартап“ нуди уникатен начин да заштедите на мобилни услуги. Се разбира, има еден услов – мора да имате пристап до безжични мрежи.

Одлуката на компанијата е уред кој обезбедува пристап само до „WiFi“ мрежи, заобиколувајќи ги мобилните оператори. Од компанијата се здружија со производителот на смартфони „Coolpad“, за да создадат прв само „WiFI“ паметен телефон – „Coolpad Arise“.

Уредот не се одликува со особено завидни технички карактеристики, па тој е со 4-инчен дисплеј и 2 мегапикселна камера, како и оперативниот систем „Android 4.4 KitKat“. Она што е поважно е дека тој може да биде купен за само 99 долари, а од „Scratch“ ветуваат дека никогаш повеќе нема да им плаќате на мобилните оператори.

Корисниците се запрашуваат што ќе прават во моментите во кои немаат пристап до безжични мрежи. Компанијата има склучено договор со американскиот оператор „Sprint“ за обезбедување на пристап до мрежата на компанијата во рамките на САД. Таквиот пристап може да се добива во секој момент по желба на корисниците на смартфонот „Coolpad Arise“. Корисниците можат да си купат уште сообраќај на податоци, видео или глас. Глас е со цена од 1,99 долари за неограничено користење во рок од 24 часа. Неограничен интернет пренос во рок од 24 часа, исто е со цена од 1,99 долари. Има и 30-дневни понуди кои корисниците можат да си ги купат, ако знаат дека подолго време нема да имаат пристап до безжични мрежи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП