27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈоноски две години во бундеслигашот Бергишер

Јоноски две години во бундеслигашот Бергишер

aco potpis

Ракометниот репрезентативец на Македонија, Ацо Јоноски, од наредната сезона ќе игра во германската Бундеслига. Јоноски денеска потпиша двегодишен договор со Бергишер.

Ракометарот кој е познат по своите дефанзивни карактеристики и кој долги години, заедно со Велко Маркоски, беше столб на одбраната на Металург во Бергишер пристигнува од шпанска Ла Риоха каде настапуваше во пролетниот дел од сезоната.

„Јоноски е голем професионалец, препознатлив е по својата игра и поседува огромно искуство. Среќни сме што еден таков играч дојде во Бергишер“, изјавил тренерот на тимот Себастијан Хинце.

Инаку Бергишер обезбеди опстанок во Бундеслигата и во моментов се наоѓа на 13-та позиција на табелата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП